Free Open Air Wireless

петок, април 21, 2006

Нов Strix и надградба на стариот, новитет 6 радија меѓу кои...

Strix Systems најавија големи промени во своите ситеми како hardware-ски така и software-ски. Промените во големината-зафатнината на hardware-от, помоќни уреди, со поглем број на радија(до 6 радија), работа на фреквенции и за Јапонски стандарди и најголемиот новитет WiMax Inside.

Надградбата на Software-от од верзија 3 за постоечките корисници ќе овозможи и некој додатни поволности за подобрување и интелигетно резонирање на wireless околината.

Strix Systems 2400-30 од сега ќе може да работи и со 6 радија(работи за сите стандарди светкски вклучувајќи јапонскиот стандард на 802.11a/b/g) каде што како новитет се појавува WiMax(вклучувајќо го WiMax Mobile 802.16е на 4.9Ghz). High Performance Modular Architecture-HPMA е IEEE стандард и се полека почнува да ја применуваат скоро сите големи производители на Radio Mash. Кај Strix новитет е технологијата за Strix Dynamic Mesh Architecture (DMA) software-от кој нуди подобрување во роамингот и мобилноста на корисниците, избирање или промена за подобра рута, канал и фреквенција ќе овозможи подобрување на перфромансите на овие системи. Strix за разлика од Mikrotik преферира сопствен дизајн и кутија и препорачани антени кои идат во пакет со системот.

Кај ваквите системи се смета за доблест надградбата на hardware-от и software-от

Извор: SkopjeWiFi.com

сабота, април 01, 2006

Село Гори АЕК са чешла






Баба Анѓа и дедо Трпко живееле во едно село по име Македонија. Еден ден селото се запалило и почнало да гори сите селани почнале пљачките да ги собираат само баба Анѓа си се чешлала. Дедо Трпко ја гледал како баба Анѓа си се чешла и уживал. По некое време им замирисало многу но тие ни да мрднат и да се помрднат од место, си продолжиле: бабата Анѓа са чешла дедо Трпко гледа. И така дошол пожарот донив и целата куќа се запалила но и понатаму дедо Трпко си продолжил да ја гледам баба Анѓа!
1W си е 1W :)
Сињорина Касандра естесат дифренд Телевизион

недела, март 26, 2006

Апел за ПОМОШ на Малата Фиданка

Таа е мала Фиданка која има проблеми со слухот и говорот има само 11 години а и се потребни средства за операција во Р.Хрватска. Оригиналното барање од нејзините родители со жиросметката и мобилниот телефон за донации ви го презентирам во продолжение на текстот:


Барање
Прибирање сретства за хуманитарна цел


Малата Димчова Фиданка родена на 21.06.1995год во Струмица спаѓа во категоријата на лица со посебни потреби ( Og.Surditas ) тешко оштетување на слухот и поголемо од 80db, а со самото тоа оштетување и проблеми со говорот. Учи во ОУ: "Никола Вапцаров" Струмица и е 4 одделение.
Итно е потребна операција за вградување на кохлеарен имплант ( вештачко уво ) што не се прави во нашата земја и потребно е лекување во странство односно во Загреб, Р.Хрватска. Вкупните трошоци околу операцијата изнесуваат околу 10 000 евра, што за нас се недостапни.
Со оваа операција ќе може да слуша и да се вброи со другите нормални деца.
Ве молиме излезете во пресрет со нашето барање на што ќе ви бидеме вечно благодарни.
Покажете ја вашата хуманост и доброволно прибраните сретства уплатете ги на отворената жиро сметка во Стопанска банка - 200000000019489-0012634698 на име Димчова Фиданка или пак со еден повик на телефонскиот број 070143402 донирајте 100 денари.
Со почит и голема благодарност.


Од родителите.

среда, март 15, 2006

МакФакс:Телеком Словенија го купува Он.нет

Скопје/Љубљана, 11:40

Телеком Словенија купува мнозински удел во македонскиот интернет провајдер Он.нет, потврдија за Макфакс преставници на Он.нет.

Веста ја објави и словенечкиот весник „Финанце“, кој не ја наведува вредноста на трансакцијата, со која Телеком Словенија ќе стане сопственик на 76 насто од Он.нет.

Натаму се додава дека Он.нет со три илјади постојани и 20 илјади повремени корисници на интернет држи 23 насто од пазарот во Македонија.

Како единствен понудувач на широко појасен интернет и на широко појасен безжичен пристап, Он.нет има 1500 бизнис корисници, овозможува интернет пристап до 500 училишта и со 1200 закупени телефонски линии обезбедува и меѓународни телефонски повици.

Он.нет е формиран во 2000 година од страна на двајца приватни инвеститори и американскиот приватен фонд СЕАФ.
Извор...www.makfax.com.mk

петок, март 10, 2006

FON is a WiFi revolution...


По 6 месеци од постоењето на FreeOpenAir blog-от и една година од SkopjeWiFi и скоро 2 од Гајтанлес FON излезе официјално со светска идеа за WiFi револуција. Нивната цел е да ги натераат корисниците на WiFi мрежите да им се приклучат во една голема WiFi мрежа која ќе биде синхорнизирана. Тие се водат со девизата "Плаќаш за конекција дома користи ја секаде". FON се залага за слободена униерзална комуникација и солидарност. Нивна цел е да се обединат сите локални мрежи и да се намали bandwith-от кој се прави преку користење на различни интернет провајдери. Во оваа организација масовно се вклучува и FreeOpenAir и SkopjeWiFi

среда, февруари 22, 2006

Писмо:За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!(Волан-Блог)

За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!

Повод за овој напис денеска ми е писмото, што го прочитав во денешниот Вест, од Драган Живаљевиќ (за жал не можам да го линкувам го нема во електронското издание на Вест)– каде господинот јавно го поставива прашањето “Кој го презема ризикот од антените на Мобимак, Космофон и Он-нет над мојата глава – со посебен акцент на на главата на неговото дете.....

недела, февруари 05, 2006


За сите оние овцички кои се корисници на бимонолоските провајдери им ја посветувам песната од Т.Б. Тралери- Овца на телефон. Тие што веќе ја слушнале и го гледале спотот јасно им е за што се работи, а за тие што ќе ја слушната првпат нека го погледнат и спотот.
Кликни да ја слушнеш 'TB-Traceri-Ovca-na-telefon'