Free Open Air Wireless

среда, март 15, 2006

МакФакс:Телеком Словенија го купува Он.нет

Скопје/Љубљана, 11:40

Телеком Словенија купува мнозински удел во македонскиот интернет провајдер Он.нет, потврдија за Макфакс преставници на Он.нет.

Веста ја објави и словенечкиот весник „Финанце“, кој не ја наведува вредноста на трансакцијата, со која Телеком Словенија ќе стане сопственик на 76 насто од Он.нет.

Натаму се додава дека Он.нет со три илјади постојани и 20 илјади повремени корисници на интернет држи 23 насто од пазарот во Македонија.

Како единствен понудувач на широко појасен интернет и на широко појасен безжичен пристап, Он.нет има 1500 бизнис корисници, овозможува интернет пристап до 500 училишта и со 1200 закупени телефонски линии обезбедува и меѓународни телефонски повици.

Он.нет е формиран во 2000 година од страна на двајца приватни инвеститори и американскиот приватен фонд СЕАФ.
Извор...www.makfax.com.mk

35 Comments:

Објави коментар

<< Home