Буч is a Romale
Буч деновиве глумеше во шпанската серија "ДиКасандра ел де Били Геј". Одлично сценарио! Припремана улога!Излезе на површина глумачкиот талент нашиот ни премиер.
А и сценариот е одлично како од некој друг кроено!
И како беше сето тоа:
У лисабон 1 Февруари 2006 година.
Нашиот херој Буч(името го доби ради изгледот ме потсеќа на Буч од Том и Џери) подготвен со насмевка ала куртизана пред акција се спрема и ги крши прстите во просторијата каде што сите БИГ Мадр Факр Босови од целиот свет се собираат. И ете ти го Били Геј КАО-УБИЕЦ доаѓа и се поздравува со нашиот главен херој. Уф Уф лелелеле стискање на раце како да сакам Буч да му каже дека сме ваква цврста нација(и дека не бива и за компјутери,ама и за фајт али поретко).
И ете почна со расплепетеното сценарио:Македонија е лулка на информатичката технологија му вели Бучи на Били! Овде дур вие не се постоеле ние веќе 1000 години имаме купено абакус(кинески шверцан од Турција).
И следи монолог чинот на Буч:"Македонија е 97.5 и 102% покриена со Без Жица на интернет ти се верува ли Били!!!?"
-Били зачидено трепка со очињата како да не му е јасно што е то Без Жица на интернет, со ококорени очи, матен поглед и без трепкање Били ја слуша стројничката приказна на Буч, како белким денес ќе ја свршиме Македонија за Мало Мекиот наречен Мики Софт.
Се одпоздравија и решија да дојдат на кафе во с. Чашче и да видиш што е Без Жица на Интернет од On.net! Брееее....
И така нашиот главен херој ја одигра главната роља на циганката која го фали On.net низ цел свет, дека покриле една држава со интернет:)
Совет од мене до Буч и до креаторот на сценариото:
"Подобро би било да си го покриот голиот газ, пошто покриениот газ мувите не го лазат"
0 Comments:
Објави коментар
<< Home