Free Open Air Wireless

среда, декември 28, 2005

Страв во коски....

На 27.12.2005 година во просториите на Агеницијата за Електронски Комуникации се одржа јавна презентација и дискусија а можностите и начинот на користење радиофреквенциските опсези наменети за безжичен пристап до краен корисник (FWA / WLL) според Планот за намена на радиофреквенциски опсези во Република Македонија (3410-3600 MHz;5150-5350 MHz; 5470-5725 MHz;5725-585 MHz; 17100-17300 MHz; 24500-26500 MHz; 27500-29500 MHz; 31800-33400 MHz). Токму ние како представници на Интернет Македонија во секторот за Wireless ја имавме шансата да ги чуеме јавно мислењата и ставовите на агеницјата и фирмите кој конкурирата за доделените фреквентни опсеци и цените за истите. По опширната презентација следеше прозивна дебата на која фирмите и поставуваа прашања на агенцијата. И токму на таа прозивка добивме на неколку пати шанса да ни одговорат лично вработенит во АЕК за проблемот со нелегалното емитување на On.net. Иако одговорот беше на неколку пати избегнуван, се добивме доем дека АЕК не сака воопшто да се меша за ваквата фреквенција, но добивме ветување дека ќе се направат тестови и мерења на фрекветниот опсег од 2.4Ghz и дека јавно ќе ни бидат објавени резултатите.
On.net доби страв од ова па мораше баш деновиве да ја презентира услугата комерцијално. Цените се далеку од тоа што оние го презентираа на својот портал. Споредено со услугата и стабилнота на Wireless-от, цената е очајна и ТЕЛЕКОМСКИ лимитирана. Секако подучени од своите постари и поголеми колеги и On.net нуди пакет за една година со мали цени но секако нуди и фантомски договор кој сеуште незнаеме како е правно регулиран. Се на се во периодот што следи не чека работа која гледам дека резултира со успех гледајќи ги коментарите по завршувањето на презентацијата во АЕК каде што добиевме комплименти и охрабрување од сите надлежни институции и фирми. Во следниот период не чека доста работа но само со факти и докази можеме да ја докажеме правдината

вторник, декември 27, 2005

1w од ОнНет
Filed under: Интернет — Јован @ 16:32


Според луѓето од Интернет Македонија ОнНет зрачи со 1w-снага од својот WiFi интернет во Скопје, иако во Европа е дозволен максимум од 100mW вклучувајќи го и засилувањето на антената. Ова е сериозно прекршување кое на едноставен начин може нелегално да го презасити нелиценцираниот опсег од 2.4 Гигахерци.

понеделник, декември 19, 2005

Упс паднаа и првите тужби

Голема пауза имаше од последниот пост но поради доцнењето на официалната документација од тестовите и документацијата од Enhanced Wireless Consortium EWC. А во меѓувреме паднаа и првите тужби на сметка на On.net од група граѓани кој ги тужат за нелегално поставување на базни уреди над нивните глави. Тужбата имав прилика да ја видам и да кажам дека е одлично подкрепена со факти и докази. Овој чекор многу ни помогна и очекуваме да има брза разрешница бидејќи последната информација која беше испратена до ЕУ комисијата за електронски комуникации е дека: Испратено е циркуларно писмо до сите надлежни институции за испитување на испратената информација од нас. :)