Free Open Air Wireless

среда, февруари 22, 2006

Писмо:За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!(Волан-Блог)

За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!

Повод за овој напис денеска ми е писмото, што го прочитав во денешниот Вест, од Драган Живаљевиќ (за жал не можам да го линкувам го нема во електронското издание на Вест)– каде господинот јавно го поставива прашањето “Кој го презема ризикот од антените на Мобимак, Космофон и Он-нет над мојата глава – со посебен акцент на на главата на неговото дете.....

недела, февруари 05, 2006


За сите оние овцички кои се корисници на бимонолоските провајдери им ја посветувам песната од Т.Б. Тралери- Овца на телефон. Тие што веќе ја слушнале и го гледале спотот јасно им е за што се работи, а за тие што ќе ја слушната првпат нека го погледнат и спотот.
Кликни да ја слушнеш 'TB-Traceri-Ovca-na-telefon'

петок, февруари 03, 2006

Буч is a Romale


Буч деновиве глумеше во шпанската серија "ДиКасандра ел де Били Геј". Одлично сценарио! Припремана улога!Излезе на површина глумачкиот талент нашиот ни премиер.
А и сценариот е одлично како од некој друг кроено!
И како беше сето тоа:
У лисабон 1 Февруари 2006 година.
Нашиот херој Буч(името го доби ради изгледот ме потсеќа на Буч од Том и Џери) подготвен со насмевка ала куртизана пред акција се спрема и ги крши прстите во просторијата каде што сите БИГ Мадр Факр Босови од целиот свет се собираат. И ете ти го Били Геј КАО-УБИЕЦ доаѓа и се поздравува со нашиот главен херој. Уф Уф лелелеле стискање на раце како да сакам Буч да му каже дека сме ваква цврста нација(и дека не бива и за компјутери,ама и за фајт али поретко).
И ете почна со расплепетеното сценарио:Македонија е лулка на информатичката технологија му вели Бучи на Били! Овде дур вие не се постоеле ние веќе 1000 години имаме купено абакус(кинески шверцан од Турција).
И следи монолог чинот на Буч:"Македонија е 97.5 и 102% покриена со Без Жица на интернет ти се верува ли Били!!!?"
-Били зачидено трепка со очињата како да не му е јасно што е то Без Жица на интернет, со ококорени очи, матен поглед и без трепкање Били ја слуша стројничката приказна на Буч, како белким денес ќе ја свршиме Македонија за Мало Мекиот наречен Мики Софт.
Се одпоздравија и решија да дојдат на кафе во с. Чашче и да видиш што е Без Жица на Интернет од On.net! Брееее....

И така нашиот главен херој ја одигра главната роља на циганката која го фали On.net низ цел свет, дека покриле една држава со интернет:)
Совет од мене до Буч и до креаторот на сценариото:
"Подобро би било да си го покриот голиот газ, пошто покриениот газ мувите не го лазат"